15
авг
2020
Полнети симит лепчиња
1.Се замесува тесто од наведените состојки.
2.Се остава да стаса околу 40 мин.
3.Од стасаното тесто се формираат симит лепчиња кои се оставаат да стасаат уште 15-20 минути пред печење.
4.Се премачкуваат со јајце и посипуваат по желба сусам, ким, мак.
5.Симит лепчињата се печат во загреана рерна на 180 С околу 30 минути додека да поруменат.
6.Фета сирењето се дроби се додава ренданиот кашкавал и се мешаат заедно.
7.Со подготвениот фил се полнат симит лепчињата пресечени на средина, на крајот врз филот се нанесува сецкан магдонос.
Пријатно јадење !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Dobredojde