26
јул
2017
Полнети праски
Измиените праски ги делиме на половина.
Ја вадиме семката.
На тоа место ставаме по едно кругче искршено орео кексче.
Сега во еден сад ја матиме слатката павлака, додаваме засладувач, кора од лимета, лимончело ликер, крем сирење.
Сето кратко го соединуваме.
Овој крем го ставаме во готварски шприц , нанесуваме врз кексите и ги полниме половинките праски.
Декорираме со ливчиња нане и парчиња лимета.
На здравје овој летен, вкусен десерт
Совет- пред да ги полните праските, може со четка половинките да се премачкаат со малку маслиново масло, и да се запечат кратко на грил тава.
Лиценца: Сите права се задржани