Испечати

Полнети праски

Полнети праски

Состојки

  • 2 праски
  • 4 орео кекси
  • крем
  • 100гр крем сирење
  • 1лажиче лимончело ликер
  • малку рендана кора од лимета
  • 70мл слатка павлака
  • засладувач по желба и потреба, околу 1 лажица мед
  • Ливчиња нане, парчиња лимета

Подготовка

Измиените праски ги делиме на половина.
Ја вадиме семката.
На тоа место ставаме по едно кругче искршено орео кексче.
Сега во еден сад ја матиме слатката павлака, додаваме засладувач, кора од лимета, лимончело ликер, крем сирење.
Сето кратко го соединуваме.
Овој крем го ставаме во готварски шприц , нанесуваме врз кексите и ги полниме половинките праски.
Декорираме со ливчиња нане и парчиња лимета.
На здравје овој летен, вкусен десерт
Совет- пред да ги полните праските, може со четка половинките да се премачкаат со малку маслиново масло, и да се запечат кратко на грил тава.