Полнети овесни палачинки
Често правам овесни палачинки во различни комбинации, брзи се за подготовка, вкусни, без додаток на шеќер. За прв пат ги правам полнети со фил, одлични се.
1. Во блендер ги ставаме сите состојки за тестото освен пецивото. Блендираме додека да се добие хомогена смеса. Го додаваме пецивото и уште еднаш кратко пулсираме со блендерот да се измеша со смесата.
2. Во мал длабок сад ги промешуваме путерот од кикиритки и какаото.
3. Во загреано тавче со нелепливо дно премачкано со кокосово масло ставаме 2 лажици од смесата, во средината правиме мала вдлабнатина, ставаме ½ лажица од смесата за полнење. Врз филот ставаме 1-1 ½ лажица од тестото за палачинки и го прекриваме филот. Печеме 3-4 минути на средна температура, ја превртуваме палачинката и печиме уште толку од другата страна.
4. Палачинките ги редиме една врз друга. Врз најгорната палачинка ставаме путер од кикиритки, коцки темно чоколадо со 70% какао и кокос.
• Од оваа смеса јас направик 5 поголеми палачинки
Лиценца: Сите права се задржани