Полнети домати со соја трошки
Во тава на оган ставете масло да се загрее.
Додајте го сецканиот кромид, ренданиот морков и целерот.
Откако зеленчукот малку ќе омекне додајте го оризот и кратко пропржете.
Соја трошките ставете ги во тола вода, потоа исцедете ги и додајте ги во тавата.
Додајте ги и останатите состојки - магдоносот, сувата пиперка, црвениот пипер, црн бибер и мешан сув зачин.
Доматите засечете ги во горниот дел и издлабете ја внатрешноста и додајте ја во тавата.
Налевајте постепено вода додека оризот се свари.
Доматите посолете ги во внатрешноста и наполнете ги со смесата.
Наредете ги во плех обложен со хартија, попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат на 200 степени, додека доматите убаво омекнат.
Лиценца: Сите права се задржани