Полнета торта
Јајцата се матат со шеќерот додека се добие убава пенаста маса. Кон пенастата маса се додаваат кокосот, брашното и пецивото и тортата се сипа во округли калап, па се пече околу 20 минути на 170 степени.
фил
Млекото се става да зоврие и во него се вари пудингот.
Бананите убаво се пасираат и се додаваат во млакиот пудинг.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон оладениот пудинг. Целата смеса убаво се мати додека стане кремаста.
прелив
Павлаката се става на оган и во неа се крши чоколадата. Се загрева постепено и пред да зоврие се трга настрана. Во топлиот прелив се додава и кокосот.
Тортата се ваѓа од калапот и се длаби со лажица внимателно. Се ваѓа средишниот дел, а ивиците се оставаат. Се полни тортата со филот, а одозгора се прелива со преливот и убаво се израмнува, па се декорира по вкус.
Трошките сто остануваат од средишниот дел може да се искористат за бомбички
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела