Полжавчиња со суво и јаткасто овошје (посно)
Вкусно, благо и миризливо пециво одлично за појадок или вечера со чаша чај.
Подготовка на тестото
Во сад за месење ставете ја водата и квасецот и измешајте ги да се раствори квасецот. Додајте го маслото, шеќерот, солта и екстрактот. Со постепено додавање на брашното замесете, изедначено и мазно тесто. Покриено оставете го да кисни 30-минути. За тоа време подгответе го филот.
Подготовка на филот
Смоквите ставете ги во топла вода 15-минути да омекнат. Потоа исцедете ги и исецкајте ги на помали парченца.
На урмите извадете им ја семката и исецкајте ги.
Јаболката излупете ги и изрендајте ги. Ставете ги во сад и додајте го и сувото грозје и брусницата.
Јатките овошје сомелете ги и ставете ги во садот. Додајте го и шеќерот и измешајте ја смесата. Поделете ја на 2 дела. Во едниот додајте цимет а другиот нека остане така.
Тестото поделете го на 2 дела.
Од едниот дел на набрашнета работна маса развлечите правоаголна кора околу5-7 мм, нанесете пола од филот и завиткајте ролат. Крајот убаво притискајте го со прстите за да се спои со тестото.
Исечете го на ролати широки по 2 цм. Ставајте ги во плех со хартија за печење или намакан со масло. Во сечењето ролатите се плескаат, но при редењето во плехот малку ќе им ја вратите округлата форма.
Истата постапка направете ја и со вториот дел од тестото.
Оставете ги да киснат 30-на минути и пред печење ставете им парченца маргарин или попрскајте ги со масло.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете ги да се печат и тоа првиот плех што сте го направиле (два излегуваат) околу 20-25 минути. После 10 минути од печењето одозгора ставете им хартија или фолија за премногу да не потемнат. Покриени со фолија и крпа оставете ги да подоладат.
Послужете ги топли или ладни, посипани со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани