Погача со кисело млеко
1. Во сад каде ќе се меси се ставаат сите состојки освен брашното, се меша сето со жица или лажица.
2. Постепено се додава брашното (просеано), се замесува тесто кое не лепи, се остава да кисни 30 минути.
3. Потоа тестото се размесува, се дели на 6 поголеми топчиња, 6 помали топчиња и остатокот е за во средина на погачата.
4. Се зема првин едно од поголемите топчиња, се рассукува со оклагија како за кифла, се премачкува со малку маргарин, се засекува попречно и се витка како кифла која личи на гасеница, истата се свиткува и се става на работ од намрсена тава. Така се прави и со останатите 5 топчиња.
5. Истата постапка е и со помалите 6 топчиња кои се редат во внатрешниот ред, а со остатокот од тестото се прават исти форми и се пополнува во средината.
6. Погачата се премачкува со жолчките, се наросува со сусам и со микс од семиња.
7. Се остава да стаса 30 минути, потоа се печи на 200 степени околу 20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани