2
сеп
2015
Пица со смокви
За тестото се замесуваат потребните состојки и се остава на топло за 30 минути.
За тоа време се подготвува доматниот сос. Лукот се ренда на ситно и се запржува во малку масло. Се додаваат доматите кои претходно се изрендани. На сосот му се додава малку шеќер сол и се остава на оган за 5-7 минути. На крајот се додава босилекот и се трга од оган.
Откако тестото ќе се удвои се разделува на 4 и од секоја 1/4 се оформува по една пица. Врз тестото се става прво доматниот сос, потоа се реди моцарелата, над неа се ставаат парчињната салама и смокви.
Се печи на 220 степени за 15-20 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови