Превкусно јадење, лесно и вкусно.

Подотовка:

1. Јас тиквичката ја изрендав утрото, ја ставив во цедалка, посолив и ја оставив во сад поклопена со цел да излези вишокот течност. Ја користев попладне. Но, може да се забрза процесот на процедување, да се промеша и да се притиска со лажица побрзо да излези течноста.
2. Добро исцедената тиквичка ја соединуваме со другите состојки за основата. Округла тава за пица ја намастуваме со масло. Користев нелеплива тава. Може да се користи и хартија за печење. Убаво со лажица ја распоредуваме смесата на дното. Печиме во загреана рерна околу 30 минути.
Убаво да зарумени.
3. Ја вадиме тавата од реарната и набрзина го распоредуваме веќе подготвениот мастраф. Враќаме во загреана рерна и печиме уште 10 минути. Сервираме топла. Уживаме со чаша бело вино.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани