Испечати

Пица со основа од тиквичка

Пица со основа од тиквичка

Состојки

  • Основа
  • 4лажици брашно
  • 1лажица масло
  • 500гр чиста содржина на рендана тиквичка
  • 1лажиче сол
  • 2 јајца
  • 1/2лажиче бибер
  • 1/4лажиче куркума
  • 1/2лажиче оригано
  • 30гр пармезан
  • Дополнително
  • 125гр моцарела
  • 10 кругови чајна
  • 1/2 лута пиперка
  • 5, 6 шери домати
  • 200 гр маринирани шампињони
  • Свеж босилек
  • По желба може маслинки, црвен кромид

Подготовка

Превкусно јадење, лесно и вкусно.

Подотовка:

1. Јас тиквичката ја изрендав утрото, ја ставив во цедалка, посолив и ја оставив во сад поклопена со цел да излези вишокот течност. Ја користев попладне. Но, може да се забрза процесот на процедување, да се промеша и да се притиска со лажица побрзо да излези течноста.
2. Добро исцедената тиквичка ја соединуваме со другите состојки за основата. Округла тава за пица ја намастуваме со масло. Користев нелеплива тава. Може да се користи и хартија за печење. Убаво со лажица ја распоредуваме смесата на дното. Печиме во загреана рерна околу 30 минути.
Убаво да зарумени.
3. Ја вадиме тавата од реарната и набрзина го распоредуваме веќе подготвениот мастраф. Враќаме во загреана рерна и печиме уште 10 минути. Сервираме топла. Уживаме со чаша бело вино.
На здравје.