Погачици кои брзо и лесно се подготвуваат и со вкус кој моите домашни ептен го бендисуваат.

Подготовка
1. Ги соединуваме сувите состојки за тесто.
2. Кон нив ги додаваме влажните состојки и замесуваме средно меко тесто. Можете да го замесите тестото со миксер.
3. Го разделуваме на 15 топчиња. Ги оставаме да одморат покриени со крпа додека го подготвуваме филот.
4. За филот ги сечкаме кашкавалот и печеницата на мали коцки. Ги соединуваме со ајварот и ориганото.
5. Секое топче го расукуваме во круг, му ставаме лажица од филот. Го затвораме од сите страни, го превртуваме и го ставаме во тавата во која ќе ги печеме.
6. Откако сме ги наредиле топчињата ја вклучуваме рерната на 200 степени да ни се загрее.
7. Пред самото печење ги премачкуваме со разматена жолчка и ги посипуваме со сусам.
8. Ги печеме додека да поцрвенат или околу 20 минути со вентилатор, ама тоа зависи од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани