Пити со мелено месо
Превкусни пити со мелено месо, со превкусно тесто кое може да го искористите и со друг фил одозгора по желба. Често е застапено на мојата трпеза во разни варијации. Кога го видов натпреварот со Кам производи, навистина се израдував зашто сум редовен купувач во Кам повеќе од 10 години и сите производи нормално си ги имам во домот. Брашно вообичаено купувам вреќа од 5 кг Камко и е навистина едно од најдобрите на пазарот.
Подготовка:
1. Растворете го квасецот во топлата вода, додадете 1 лажиче шеќер. Нема потреба да чекате да се активира, само да се растопи.
2. Потоа додадете го јогуртот и јајцето, измешајте. Додадете сол, гриз и почнете да го додавате брашното. Замесете меко тесто, обложете го со 2-3 лажици масло и покријте го со најлонска фолија. Оставете го да нарасти 1 час.
3. Припремете го филот во меѓувреме. Запржете го кромидот, додадете го месото, пржете додека не добие кафена боја. Додадете ги зачините и доматниот сос, оставете кратко да проврие и тргнете го од топлина.
4. Потоа кога тестото ќе биде спремно за работа, поделете го на 3 дела. Од трите дела оформете пити во овална форма со задебелени рабови. Редете ги на набрашнет плех (јас користев делимано коперлукс тава која нема потреба да се набрашнува). Распоредете го сосот подеднакво. Премачкајте ги краевите со четче со вода и попрскајте сусам. Печете ги питите една по една на 250 степени околу 20 минути.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови