Пита со јаболка
Најпрвин ги лупиме јаболката па ги рендаме, зависно од вкусот можете или на ситната или на едрата страна од рендето да ги рендате јаболките.
Ја вклучуваме рерната да ни се загрее додека ја подготвувате питата.
Јас ја правам во правоаголен плех бр.40, а вие доколку сакате можете и во кружен плех.
Го намрсуваме плехот и ја ставаме првата кора (може и малку да ја наберете кората за поголем волумен на питата) ја попрскуваме со масло за јадење, па втората кора и неа ја попрскуваме со масло за јадење, па третата кора и неа ја намрсуваме и врз неа ставаме од ренданите јаболки, со рака напрскуваме шеќер зависно од вкусот дали сакате поголема блажина или не, и наросуваме по малку цимет. Така по истиот редослед продолжуваме се дури не ги потрошиме сите кори и последната кора истотака ја попрскуваме со масло и ја сечеме питата со остар нож.
Ја печеме околу 25 мин. односно додека не поруменат корите. Кога ке ја извадите од рерната покријте ја со крпа за да се задуши и да биде мека горната коричка. По желба можете да ја наросите питата со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани