Лесна брза и освежителна пита.
Во подлабок сад се мешаат гризот и шеќерот заедно со ванилите.
Сливите се чистат од семки и се поливаат со румот. Се сечат на два дела и се редат со вдлабнатиот дел нагоре да попримат од румот.
Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Се реди 2 кора и на едниот крај се редат половинки од сливите една до друга. Се зема и 2 лажици од сувата смеса и се попрскува кората. Се рола и се реди во неподмачкан плех. Од како ќе се нареди плехот се сече питата и се полева со киселата вода и зејтинот. Значи се прскаат корите, а со зејтинот (што ќе остане од тие 200мл) убаво со четка се мастат краевите сите да бидат навлажнети. Се става питата на печење на 200степени околу 25 минути. Подеднакво е вкусна и топла и ладна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани