Пита со праски
Оваа пита ја правам или со јаболки или со праски. Морам да ви кажам дека е подеднакво вкусна.
Се лупат праските и се оставаат во сад настрна. Во посебен сад се става шеќерот, мелените бисквити, маслото и водата.
Се зема една кора и се попрскува кисела вода, масло за јадење, една голема лажица шеќер и една голема лажица мелени бисквити. Се редат така една врз друга 3 кори. На последната кора на еден крај се ренда една праска и врз неа се става една лажица мелени бисвити за да го впијат сокот што ќе го пуштат праските за време на печењето и корите се виткаат во ролна.
Се редат во подмачкан плех, се сечат и се печат на температура од 200 степени 30 минути.
Откако ќе се испече питата по желба може да се пороси со шеќер во прав. Јас повеќе ја сакам без шеќер, а вие како сакате. Доколку користите посни бисквити питата може да ја приготвувате и за време на постите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови