Пита со праз и свинска маст
1. Прво го подготвуваме филот. На загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз.
Тргаме од оган, зачинуваме, па додаваме младо сирење и јајце.
2. Во сад ги ставаме млакото млеко, водата , шеќер, сол, масло, квасец. Промешуваме, не оставаме да се активира квасецот. Сега додаваме јајце и постепено од брашното Замесуваме мазно, помеко замесено, но не и лепливо тесто. Тестото го делиме на 14 топчиња, кои ги сукаме во мали корички. 12 од нив танко ги премачкуваме со свинска маст. Ги редиме на две места по 7 корички, значи најгорната коричка не е премачкана.
3. Го земаме првото купче кори и ги сукаме со големина на тавата каде ќе ја печеме питата. Ја поставауваме во тавата . Врз неа го нанесуваме филот кој ни е претходно подготвен и изладен.
Сега од второто купче кори исто сукаме кора , која ја нанаесуваме врз филот. Краевите на питата убаво ги подвиткуваме навнатре, да не ни се отворат при печењето.
4. Сега ја загреваме релната на 180 с. Одозгора питата ја премачкуваме со маснотијата. И малку со тапата страна на ножот ја засекуваме. Ја печеме околу 30 минути да зарумени.
Сервираме топла.
1708 р
Лиценца: Сите права се задржани