Пита со праз
Иако секогаш сум за домашни тегнати пити сега во интерес на времето пробајте го и овој рецепт.
Во подлабок сад се ставаат јајцата и млекото и се матат. Се додава брашното, лененото семе, водата и солта и убаво се промешува со лажица. Се остава да одседи околу 20 минути.
За тоа време празот се чисти и се сече на поситни парчиња. Се насолува и убаво се меша со раце додека не омекне.
Се зема една кора се попрскува со зејтин, па се става од премазот и убаво се мачка со лажица или четка. Се става втора кора се мачка со фил и се наросува од празот. Кората се витка-рола и се свиткува во мала баничка. Така се постапува со сите кори.
Се редат во плех и одозгора се полеваат со преостанатиот премаз и зејтинот. Питата треба да одстои 20 минути, а потоа се пече околу 40 минути.
Топла питата воопшто не се разликуваше од домашна тегната пита, а квасецот им даде мекост на корите да не бидат така жилави.
Лиценца: Сите права се задржани