1. Оризовото млеко заедно со шеќерот го ставаме да се вари. Кога ќе почне да врие го ставаме гризот и интензивно мешаме да не ни се направат грутки. При крајот го додаваме ванилиниот шеќер.
2. Тенџерето го тргаме на страна и го додаваме белиот локум исечкан на парчиња.Мешаме додека да се изедначи смесата, па го додаваме афионот. Оставаме да излади, додека да ги подготвиме корите.
3. Премачкуваме кора со масло, врз неа ставаме втора кора, со масло премачкуваме и така 5 кори по ред.
4. Од филот редиме на почетокот на корите, врз него ставаме парчиња црвен локум и пак од гриз филот. Завиткуваме ролат, го премачкуваме со масло, а може и со кисела вода и го редиме во тавче, така со сите кори. Излегуваат околу 5 ролати.
5. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени и ја намалуваме на 180 степени когa ќе ставиме ролатите да се печат.
Забелешка
На секој ролат се редат 5 кори сепак зависи која дебелина ви се, јас користев кори за баклава. Филот треба да го поделиме на отприлика 5 дела за секој ролат да има еднакво. Од црвениот локум кој го ставав во средината секое парче го сечев на половина по должина бидејќи ми беа во форма на коцка. Можете да ги исечете ролатите и пред печење, јас брзав и заборавив да го сторам тоа.Филот е доста цврст и нема да ви излезе од страните при печење, така да слободно сечете пред печење или по желба.