Пита сo кисела зелка
Рецептов е малку вон сезона, но редовно си имаме дома за да може и преку лето да се подготви пита =)
1. Зелката треба да се исечка, да се исцеди убаво и да се пропржи со бибер и малку зејтин (така може да ја ставите во сад, да ја замрзнете и да имате секогаш при рака)
2. Од состојките за тесто се замесува меко, нелепливо тесто. Потоа разделете го на парен број топчиња (мене ми излегоа 16, 10 за долната и 6 за горната кора). Маргаринот растопете го, па потоа додадете и зејтини промешајте да се изедначи (да не биде топло).
Од секое топче расукајте коричка, убаво намрсете ја секоја коричка па поклопете ја со наредната. Добивате 2 купчиња со 10 односно 6 корички.
3. Второ расукување ... земете го второто купче и расукајте голема кора. Премачкајте ја целата со маргаринот и зејтинот, потоа преклопете ги двата краја до средината. Повторно премачкајте и уште еднаш по должина преклопете (добивате тенка лента од тестото). Премачкувате пак и ги виткате двата краја до средина. Последно премачкување и преклопувате на половина (да добиете коцка). Кога 2те кори се спремни, оставете ги 10тина минути во фрижидер.
4. Трето расукување ... земете го тестото за долната кора, расукајте кора соодветна на плехот во кој ќе печете. Префрлете ја во намрсен плех и распоредете го филот. Расукајте ја и горната кора, прекријте и направете си витка. Убаво попрскајте ја целата со растопениот маргарин и зејтин и ставете да се пече во претходно загреана рерна.
Оставете малку да се излади па послужете.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани