Подготовка

1. Најпрво го спремаме филот. Исечканиот праз го пропржуваме додека омекни, па го додаваме искинатиот спанаќ.

2. Пржиме додека омекни спанаќот, па го додаваме дробено сирењето. Пржиме да се запржи и спои и на веќе изгасена рингла ги додаваме јајцата и мешаме додека се убаво не се соедини и тргаме од рингла, па оставаме да се лади.

3. Во меѓувреме во млакото млеко го додаваме квасецот со шеќерот и малку брашно и оставаме да се активира. Потоа ги додаваме и останатите состојки. Доколку ви е многу густа смесата слободно додадете уште малку течност, да е доволно мека да можи да се премачкува.

4. Кората најпрво ја премачкуваме со смесата, па потоа ставаме од филот. Филот можи да го ставате насекаде поретко распореден или само во една подебела лента (тој ќе е доволно течен од јајцата во него). Јас ставав во лента. Преклопете ја малку кората и завиткајте ја во ролна.

5. Филованите кори редете ги во плех една до друга и одозгора премачкајте ги со некоја лажица која сте ја оставиле од смесата за премачкување. Потоа посипете со сусам или други семиња кои ги сакате. Печете на 200С додека убаво поруменат одозгора.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови