Пилешко со црвена леќа
Да не ви досадив со пилешкото јас? Еве ме пак на истата тема....
Посипот (грнолата)
Излупете ја кората на лимонот, исецкајте многу ситно заедно со магдоност и лукчето. Тргнете на страна.
- Исецкајте го кромидот на ситно, доматот излупете исто така и него исецкајте го.
- Ставете една лажица од маслото во тавче да се загрее, додадете копаните на кои кожата не сте ја излупиле и убаво испржете ги од сите страни. Тргнете ги настрана,
- Во тавчето додадете ја останатата лажица масло, ставете да пржите ситно сецканиот кромид колку да омекне, додадетеј ја леќата, доматот, 600 -700 мл. од буљонот (растворена коцката во вода), вратете ги копаните назад во тавчето, поклопете со капак и оставете на тивко да се вари. Во мегувреме ставајте по малку од спреманиот посип. Се вари на тивко околу 30 мин. потоа откријте и нека се вари уште малку односно додека се згусне. Ако оцените дека не е сварена леќата, можете да додадете уште малку вода и нека вари додека се згусти- иако знам дека е доволна таа количина на буљонот, но сепак зависи тоа на колку тивко го варите јадењето. Посипте сега одозгора со преостанатаиот посип. Доколку сакате можете и во рерна да го ставите да крчка на тивко.
Лиценца: Сите права се задржани