Пилешко на медитерански начин
Пилешкото месо го миеме и само го посолуваме. Се става во тава да се запржи на зејтин од двете страни. За тоа време го лупуме компирот и го сечеме на парчиња во тавата во која ќе го печеме месото. На поголеми парчиња се сечат и двете главици кромид.
Маслинките ги сечеме на парчиња и нив ги додаваме во тавата. Лимонот убаво измиен(претходно одстојан во вода со 1 лажица сода бикарбона) се сече на тенки парчиња и се додава во тавата. Сето ова се посолува и се побиберува.
Месото кога е заруменето од двете страни се става врз зеленчукот.
Го приготвуваме преливот за месото. Во аван се толчи лукот со солта. Се меша со маслиновиот зејтин, сокот од лимон и ориганото. Од овој прелив се става врз секое парче месо, се додава врз зеленчукот 500 милитри супа(500 милитри вода со 1 коцка за супа да зоврие) и се става во рерна на 200 степени да се пече 1 час. Ако е потребно во текот на печењето може и да се покрие за да не ви изгори лукот месото одозгора.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови