Пилешки стек во сос
1. Најпрво парчињата стек исечете ги на половина,и ставете ги во вода со малку вегета и зејтин да вријат(ставете повеќе вода ќе ни треба за сосот и за прилогот). Варете ги 15 мин. Ставете тава на оган во која сте ставиле зејтин колку да се покрие дното.Парчињата стек вадете ги во тавата малку да се запржат колку малку да поруменат. Извадете ги од тавата.
2. Подготовка на сосот. Во тавата каде што се пржеа стековите ставете го брашното и запржете го да порумени. Додадете околу 400 мл од водата каде што се вареа стековите. Убаво промешајте да се соедини смесата, зачинете со сол и вегета по вкус и додадете го лукот во прав. Се убаво измашајте и ставете го стекот во тавта. Крчкајте на тивко 20 тина минути.
3. Подготовка на прилогот. Исчистете ги морковите и компирите. Исечете ги на парчиња по желба и ставете ги во тава за печење. Додадете го грашакот. Ставете малку масло, две кутлачи од водата во која што се вареше стекот. Зачинете со чубрика, вегета и бибер по желба. Убаво измешајте. Печете во загреана релна на 180-200 степени 30 мин, покријте со фолија и печете уште 15 мин (додека да бидат убаво испечени.
Од што не знаев што да правам ручек денес малку си играв па излезе вкусен ручек.
Една слика имам само, не сликав додека го подготвував си викам не ќе ставам бучкуруш на жениве, ама кога пробав го бендисав па пред да изедеме сликнав како изгледа спремно.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
му се јавува братучедка ми на братучед ми и му вели:
- има риба за ручек, дојди
- а рибата прави ЈОИНК ЈОИНК?
- не...
- е па не доаѓам :) :) :) :)