Ептен брзо.
- Исечете го стекот на мали коцки-парчиња, ставете на маслинов зејтин да се пржат. Посолете ги и овкусете со зачинки кои вие ги обожавате - медитерански зачин, бибер, сол, оригано, босилек, кари.
- Во испржениот стек додадете ја павлаката за готвење и заедно нека се на тивко крчкат неколку минути, не е потребно многу време.
Додека целото тоа се пржи и крчка, вие препечете лепче кое ке го послужите со веке спреманиот сос со пилешки стек.

Забелешка
- Подеднакво е вкусно кога со павлаката ќе додадете и неколку доматчиња исечени на половина или четвртина.
Топете со лепчете во сосот и нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани