Уште еден рецепт, во рафтовите спремни за зимница.
Вкусен додаток за секој ручек.
Подготовката е следна
Патлиџаните се пржат и се лупат од лушпата. Се мелат на машинка
Во загреано масло во шерпа се запржуваат пиперките на кои им се извадени рачките и се пресечени на 4 дела до семето. ( како на сликата )
Откако ќе се запржат се додаваат печените патлиџани и се пржат. Се посолуваат.
Пред крајот се додава ситно исецканото лукче и ситно исецканиот магдонос.
Се собира во топли тегли, се затвара убаво и се редат во шерпа. Се полива млака вода и се оставаат да зовријат теглите.
Оставете да истинат теглите во шерпата, па редете на полици превртени со капакот од доле. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови