Печени полнети тиквици
Ова е еден познат, едноставен и стар рецепт, а мене ми е најомилен ручек. Сигурна сум сите сте подготвиле полнети тиквици и баш ги гледав рецептите кои ги имате пуштено и мислам дека ваков не видов. Кај мене е можеби поинакво што ние дома кога е спремен овај ручек, без разлика дали се работи за полнети пиперки, тиквици, модар патлиџан и слично, секогаш најмногу го јадеме тоа што е од страна на тиквиците и секогаш повеќе има од страна одколку во тиквиците .
1. Тиквиците ги лупиме, ги сечеме на половинки по должина и со лажичка ја ваѓаме срцевината да бидат како кајчиња. Срцевината од тиквичките ја гмечиме со вилушка или можете и да ја испасирате со блендер.(слика)
2. Главицата кромид и сувите пиперки ситно ги сечкаме. Ги пропржуваме во тавче на масло, потоа го додаваме месото, оризот и остатокот од тиквиците и пржеме додека месото не се испржи. Зачинуваме со сол и бибер. Можете да користите и други зачини по вкус, еве јас на пример секогаш користам и мешан сув зачин кога готвам меѓутоа овде не ставам.
3. Ги полниме тиквичките со смесата, а остатокот го ставаме од страна во тепсијата. Налеваме вода да се покријат тиквичките (слика) од горе ставаме алуминиумска фолија и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 40 мин во зависност од рерната. Кај мене беа готови за 45 мин.
4. Пред да се готови т.е 10 тина минути пред крајот ја тргаме фолијата и оставаме да се допечат.
5. Послужете со убава зелка салата или домати, а кај мене обавезно со лути пиперчиња.
На здравје !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови