1. Копаните се ставаат во тенџерче со вода, се остава да зовријат кратко и штом зовријат се истура водата и пената.
2. Во тенџерето со копаните се става друга вода и штом зоврие, на тивко се варат околу 10 минути.
3. За ова време додека се подготвуваат копаните, во тава ги сечкаме компирите, го ставаме маслото, белото вино, црниот пипер и сувиот зачин. Мешаме се заедно и оставаме да стои така.
4. Од водата во која се вареа копаните во компирите тураме околу 1 голема кутлача и пак мешаме, а потоа подварените копани ги редиме врз компирите.
5. Тавата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени и печеме околу 1 час. Во текот на печењето копанчињата ги вртиме по потреба до заруменување.

Во Делимано тавата, компирите нема да се залепат како во класична тава.
Во моментот кога го правев јадењево немав моркови, инаку редовно ги ставам во компирите на почетокот на подготовката.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани