Маслото на тавата го загреваме. Кромидот и лукот ги сецкаме на ситно и ги ставаме на маслото да се пропржат.
Додаваме телеко месо, а потоа и свинското. Пилешкото ќе оди нешто подоцна зашто бргу се пржи.

Зачинуваме со мешан сув зачин, сол и црн бибер.
Оставаме да крчка околу 30минути.
Потоа го додаваме и пилешкото месо. Пржиме понатаму на тивко.
Полеваме чаша бело вино.
Во друга тава на оган ги запржуваме само печурките и ги посолуваме.
Ги помешуваме заедно со месото и префрламе во тава.
Промешуваме и покриваме со фолија.
Нека се пече околу30 минутки, а потоа извадете ја фолијата и оставете уште 15 минути.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови