Испечати

Печена мешавина од месо со бело вино

Печена мешавина од месо со бело вино

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 5 чешниња лук
  • 300гр телешко чисто месо
  • 300 гр свинско чисто месо
  • 300 гр пилешко месо
  • 1мало лажиче сол
  • 1 /2 лажиче свежо мелен црн бибер
  • 400 гр шампињони печурки
  • 1 чаша бело вино

Подготовка

Маслото на тавата го загреваме. Кромидот и лукот ги сецкаме на ситно и ги ставаме на маслото да се пропржат.
Додаваме телеко месо, а потоа и свинското. Пилешкото ќе оди нешто подоцна зашто бргу се пржи.

Зачинуваме со мешан сув зачин, сол и црн бибер.
Оставаме да крчка околу 30минути.
Потоа го додаваме и пилешкото месо. Пржиме понатаму на тивко.
Полеваме чаша бело вино.
Во друга тава на оган ги запржуваме само печурките и ги посолуваме.
Ги помешуваме заедно со месото и префрламе во тава.
Промешуваме и покриваме со фолија.
Нека се пече околу30 минутки, а потоа извадете ја фолијата и оставете уште 15 минути.
Нека ви е слатко.