Преубав брз рецепт за љубителите на свински црн џигер.

Подготовка:

1. Да не пржите, да не поховате, едноставно измијте го добро џигерот и посолете го со крупна морска сол. На дното на тавата ставете хартија за печење и попрскајте секаде крупна морска сол. Може и хималајска. Попрскајте рузмарин и ставете на хартија за печење. Попрскајте малку масло и ставете да се пече.
2. При печењето поминете со ножот неколку пати по површината правејќи резови на џигерот. Оставете да се пече на тивко. Кога е готово, сервирајте со свеж рузмарин или кромид.
Нека ви е слатко

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови