Печен пипер во тегли
Драги пријателки, одокат рецепт, колку си сакате вие да спремате оваков пипер, колку солено јадете - толку, ова фактички и не е некој рецепт, но сакав да го споделам со вас заради тоа што многу години наназад вака ги собирам пиперките наместо во длабокото. Јас су заговорник да не се става храната, а најмалку пак зимницата, во замрзнувач.
Значи, испечете го пиперот, излупете, исчистете го семето, посолете, соберете во теглата заедно со сафтот, затворете ги внимавајки да бидат добро затворени, наредете ги теглите во тенџере со вода и нека провријат колку да се затвори капакот.
Јас ги извадам од водата кога сметам дека е доста, ставам во кутија во која веке сум ставила старо ќебе, замотам и оставам да продолжи пастеризацијата, ги тргам откако се изладиле.
Се надевам дека ке прифатите оваков начин на собирање печен пипер. Можете да го ставите и цел или дробен.
Носечкта слика на овој рецепт е пипер кој го ставив минатото лето, последна тегла која ја чував за постите.
Лиценца: Сите права се задржани
младунче мое јаде пола тегла, ако не го спречам и капачето ќе го изглода :) :) :) :)