Печен Ослич со зеленчук (Посно)
Здраво и вкусно, без разлика дали е пржена или печена, рибата е омилена кај нас дома. Кога не сте расположени за пржење на рибата, тогаш ова е идеален начин за приготвување на истата.
Подготовка
-Најпрво исчистете ја рибата (излупете ја ако сакате) исечете ја на парчиња, посолете. Оставете ја целосно да се одмрзне.
- Потоа пригответе го зеленчукот, излупете го и исецкајте го на мали парчиња.
- Ставете ги во плех за печење, ставете им зачини и зејтин и убаво промешајте.
- Додадете ги и парчињата риба, налејте жешка вода и покријте со алуминиумска фолија.
- Печете на 250 степени пола час со фолија, потоа тргнете ја фолијата, намалете на 200 степени и допечете по ваш вкус...колку сакате да ви биде печена рибата.
На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови