Печен Ослич со зеленчук (Посно)
Состојки
- 1кг Ослич
- 4-5 (средна големина) Компири
- 3 Моркови
- 1 главица Кромид
- зачини (по вкус) Мешан сув зачин, сол, магдонос, црвен пипер)
- малку Зејтин
- околу 200-300мл Вода
Подготовка
Здраво и вкусно, без разлика дали е пржена или печена, рибата е омилена кај нас дома. Кога не сте расположени за пржење на рибата, тогаш ова е идеален начин за приготвување на истата.
Подготовка
-Најпрво исчистете ја рибата (излупете ја ако сакате) исечете ја на парчиња, посолете. Оставете ја целосно да се одмрзне.
- Потоа пригответе го зеленчукот, излупете го и исецкајте го на мали парчиња.
- Ставете ги во плех за печење, ставете им зачини и зејтин и убаво промешајте.
- Додадете ги и парчињата риба, налејте жешка вода и покријте со алуминиумска фолија.
- Печете на 250 степени пола час со фолија, потоа тргнете ја фолијата, намалете на 200 степени и допечете по ваш вкус...колку сакате да ви биде печена рибата.
На здравје!!!