Пелистерски очи
За овој рецепт, верувајте знам повеќе од 25 год. Омилено благо кое мајка ми ни го подготвуваше. За љубителите на кокос....мммм...
Во длабок сад ги мешаме сите суви состојки. Во средината правиме вдлабнатина, ги ставаме јајцата, а околу, маргаринот исечкан на коцки, одстоен на собна температура. Замесуваме средно, меко тесто. Го делиме на 2 дела. Во едниот го додаваме какаото.
Помеѓу 2 најлонски фолии, отвораме правоаголна жолта кора, со помош на оклагија, па ги ставаме сецканите оревчиња низ цела површина и врз нив темниот дел и отвораме во кора со иста големина, како првата. Виткаме ролат и сечеме парчиња со дебелина на еден прст. Ги редиме во намрсена тава бр.30 со растојание меѓу нив. Печеме во загреана рерна на 200Ц. степени околу 30 мин. Оставаме да се изладат.
Го подготвуваме сирупот на тој начин што ги зовриваме водата и шеќерот и вариме на умерен оган, околу 5 мин. Ја додаваме ванилата. Малку оставаме да излади, па ги прелеваме колачињата.По извесно време ги превртуваме и од другата страна, за поубаво да впијат. Колку повеќе стојат, толку поубави се.
Сладете се!
***Иако во рецептот на мајка ми стојат 32 лажици брашно, мене ми влегува повеќе некоја лажица, значи тестото да не биде многу меко и лепливо. А, за сметка на тоа зголемувам на сирупот, уште половина доза, 12-13 л. шеќер со 250мл. вода и варам 3 мин..
Лиценца: Сите права се задржани