Пајачиња од шпагети
Едноставна и интересна декорација или лага за малите деца да јадат :) За денот на вештерките, за оние кои слават, уште една интересна декорација, која ќе ја разубави трпезата. Јас ги користев како декорација на чиниите.
Подготовка:
1. Шпагетите искршете ги на парчиња од 10 см. Виршлата пресечете ја на 2 до 3 см. Можете да користите и друго колбавче. Избуцкајте ги парчињата виршлички насекаде како на сликата и ставете да се варат во посолена вода. Не ги преварувајте. Шпагетите нека останат поцврсти.
2. Кога ќе ги извадите од вода наредете ги да се исцедат и растегнете ги убаво ножињата на пајаците. Наместете им ги очињата, сакате со декор очиња, сакате со биберчиња. Се надевам ќе ви се најде оваа декорација.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови