Измешајте го пченкарното брашно со буковецот и сув магданост или пак зачин кој сте го избрале вие по ваш вкус. - Пастрмката исчистете, измијте, со салвета избришете, во внатрешноста покапете со лимонов сок, посолете, ставете бибер на вкус, посипете внатре и лук во прав. Потоа извалкајте ја во мешавината од брашното. - На масло ставете да се пржи кромидот покрупно исечен додека да застакли. Додадете го морковот исечен на кругови, нека се пржи кратко време, додадете го исеченениот на коцки компир и спанаќот, осолете со малку сол и сув зеленчук. Нека се пржи неколку минутки, залијте со 200 мл. вода. Пробајте за сол, доколку е потребно додадете. Ствете повторно лук во прав по ваш вкус. Нека крчка на тивко околу 10 мин. Тргнете од огнот и преместете ја оваа содржина во тава во која ке се допекува, врз неа ставете ги пастрмките посипете ги со малку маслиново масло и ставете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 мин, или додека се добро зацрви. - Пред да се стави во рерна може и филиран бадем да се додаде доколку сакате, супер е додаток.