Парена торта
Во длабок сад ги кршиме јајцата ги матиме со миксер го додаваме шекерот продолжуваме со матење го додаваме млекото,маслото,брашното,прашокот за пециво и матиме со миксер додека смесата не се соедини на крај се додава ванилниот шекер и смесата се става во подмачкан и набрашнен плех и се става да се пече.Во меѓувреме го подготвуваме шербетот.Во тенџере на оган ставаме 15 лажици вода,15 лажици шекер 2-3 лажици какао и 1 лажица кафе откако ке заврие шербетот се трга на страна ама да не се олади.Испечената торта се сече на парчиња и се посипува со шербетот, се остава да впие и се сервира по желба може да се украси со хопла,рендано чоколадо или растопено и сецкани ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови