Еден интересен предлог за подготовка на малите папалини. Изгледа како пита, па затоа ја нареков папалина пита. Да ја видиме подготовката.

Подготовка:
1. Помешајте ги црвениот пипер, солта, биберот и брашното заедно. Рипчињата измијте ги добро исушете ги на кујнска хартија, па извалкајте ги во смесата кај брашното. Во тавата каде ќе ги спремате ставете маслиново масло. Имате две опции на подготoвка. Eдната е да ги печете, а другата е да ги пржите во тавче. Резултатот е секако вкусен.
2. Наредете ги во форма на круг, со делот од кај главата кон средина. Редете едно до друго. Кога е готово, посипете малку сок од лимон и ставете да се печат. Печете 20 мин на 200 степени, па вадете полека со чинија.
3. Ако се одлучите да пржите, тогаш пржете 2 минути од секоја страна, така што прво процедете го маслото, пред ја превртите рибата на чинија. Декорирајте со магдонос и лимон.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови