22
мар
2015
Палента кученце (декорација)
Ова е декорација на мојата ќерка.
Водата ја загреваме и го додаваме маргаринот да се растопи.
Посолуваме и ја додаваме палентата да се вари со постојано мешање.
Ја вариме 5 минути со мешање на тивка температура.
Готовата палента ја полниме во калапчиња.
На средина во калапчето редиме посен кашкавал, ја дополнуваме со палента.
Кога малку ќе излади ја префрламе во чиниче и декорираме како што декорираше ќерка ми. Со маслинка и посен кашкавал.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови