Прво во блендер ги ставаме јајцата и 3 лажици чиа семе од Натура. Блендираме кратко и
смесата ја префрламе во друг сад. Оставаме смесата да одстои 15 минути.
Потоа го додаваме шеќерот, брашното, пецивото и зејтинот. Бркаме полека со лажица и
постепено ги додаваме и млекото и киселата вода.
Се добива погусто тесто од тестото за обични палчинки. Се пржат во тава на малку
зејтин(додаваме по малку зејтин за секоја палачинка).Кратко ги печеме и од двете страни.
Ги јадеме со додаток по желба