Прво во блендер ги ставаме јајцата и 3 лажици чиа семе од Натура. Блендираме кратко и смесата ја префрламе во друг сад. Оставаме смесата да одстои 15 минути.
Потоа го додаваме шеќерот, брашното, пецивото и зејтинот. Бркаме полека со лажица и постепено ги додаваме и млекото и киселата вода.
Се добива погусто тесто од тестото за обични палчинки. Се пржат во тава на малку зејтин(додаваме по малку зејтин за секоја палачинка).Кратко ги печеме и од двете страни.
Ги јадеме со додаток по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови