30
мај
2014
Освежувачка салата со тиквиња и кисело млеко
Тиквињата измијте ги убаво, излупете ги и сечете тркалца. Во тавче загреваме поголема количина на масло и ги пржиме кратко од двете страни. Пржените тиквиња ги ставаме на хартија за да се впие непотребната мрснотија и потоа во подлабок сад редиме еден ред тиквиња, сол, сецканото лукче и над секој ред ставаме по неколку лажици од киселото млеко и јогуртот(измешани претходно). Редиме така дури имаме тиквиња и кисело млеко. Најгоре по желба можи сецкано лукче или лук во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови