12
ное
2020
Освежителни десертни палачинки
Верувам дека на сите ни наоѓа по некое овошје во замрзнувач, идејата за палачинкиве е токму затоа да се искористи тоа овошје.
Во сад за матење ги додаваме сите состојќи за палачинките и ги матиме со миксер.
Ги печиме во тава за палачинки која претходно сме ја премачкале со масло.
Боровинките и рибизлите ги вадиме од замрзнувач пред да почнеме да ги печиме палачинките за да имаат време да се разледат малку.
Слатката павлака ја матиме.
Секоја палачинка ја премачкуваме со крем од лешници и ја полниме со овошјето, декорираме со матената слатка павлака и овошје по желба.
Лиценца: Сите права се задржани