Подготовка
Доколку се одлучите за овој колач, ќе мора да предходно веке имате замрзнат портокал.
- Пенесто се изработуваат јајцата со шеќерот кој постепено се додава, потоа се додаваат останатите состојки, се измешува добро за да се добие хомогената смеса, се истура во тавка бр.28 постелена со хартија за печење или подмачкана со масло и побрашнета, се пече. Печена се остава да олади и се сече преку средината на два дела.
Горниот дел од кората се трга на страна и се раздробува, а долниот дел го враќате повторно во тавката.
Фил
- Се вари шербет од шекерот и водата, се трга и во него се додава мармаладот, разбркајте, издробената смеса од горната кора и изрендајте во него замрзнатиот портокал. Измешајте, истурете го врз долниот дел од кората.
- Одозгора премачкајте со шлаг пена, шлаг крем или беланец.
Овој колач навидум читајки ги состојките ќе ви изгледа дека е многу благ, но напротив, тој е толку освежителен, ароматичен.
Доколку сакате поголем да е колачот дуплирајте ги состојките и печете во тавка бр.38, но навистина е голем, затоа јас го правам секогаш со преполовина состојки. За премачкување секогаш давам предност на беланецот доколку ми преостанле белки, но не можам да кажам дека е помалку добар ако го премачкате со шлаг или шлаг крем. Изборот е ваш. Одозгора нарендајте чоколада.
Доколку ставите мармалад од модри сливи - колачот е со многу интересна декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани