13
дек
2020
Орео корпи од три состојки
Додека се топи белото чоколадо на пареа се подготвува полнењето за овие Орео чоколадни корпи.
Орео колачите се ставаат во ќеса и со сукало се ситнат.
Се додава крем сирењето и добро се меша.
Се редат хартиени корпи во калап за мафини, половина од чоколадо се става во корпите и се остава во фрижидер да се стегне.
Откако ќе се стегне, се става од Орео филот и повторно од белото чоколадо, се става во фрижидер, за да се стегне горниот слој од чоколадото.
Пријатно јадење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови