Омлет со карфиол и млад кромид
Вкусен и брз појадок. Кој не пробал карфиол или брокула во омлет, веднаш нека се фати за работа.
Постапката оди вака
Најпрво се чисти карфиолот и убаво се мие, па се сецка на ситни парченца. Се става во тава за пржење и се налева со многу малку вода за да се обари малку и да омекне. Потребно е околу 5-7 мин да се бари во водата. На страна се сецка и младото кромидче, па откако ќе испари течноста во тавата се додава и кромидот и се става коцка путер и малку масло за јадење. Се пржат се додека карфиолот не добие убава златникава боја. Се зачинуваат и посолуваат.
Јајцата се матат со вилушка и во нив се додава млекото или јогуртот што имате тоа. Исто и нив ги зачинувате и посолувате, па потоа во смесата ги додавате пржениот карфиол и кромид. Се меша убаво и повторно се става на тава да се испржи омлетот. Пред да се стават повторно на пржење, во тавата се става повторно малку путер.
Оваа количина е за два омлета.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови