
Омлет во мафини
Саботно утро, а нешто не сум расположена за да подготвам пита, кифли или нешто слично со тесто, па се одлучив за ваква варијанта на појадок.
Подготовка
 1. Саламата и сирењето ги сечкаме на коцки и ги мешаме со останатите состојки.
 2. Јајцата ги матиме со вилушка и во нив ставаме млеко, лебни трошки, малку сол.
 3. Калапот за мафини го намрсуваме со масло со помош на силиконска четка и во секое едно калапче ставаме по 1-2 лажици масло, па ги ставаме коцките сирење и салама.
 4. Ги залеваме со смесата од јајца и ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10-12 минути.
 5. Кришките леб намачкани со малку масло ги ставаме во грил тава да се потпечат.
Пријатен појадок!!!
Забелешка
 Можете да ставите што сакате во мафините, од сланина, ситно сечкани домати, кромид и уште што ти не , тоа ви го оставам на вашето непце да одлучи. Излегуваат омлет мафини.
Лиценца: Сите права се задржани


























Ви благодарам и на вас Катиња:) Појадокот е супер вкусен, вистина е така, ама и многу едноставен...