Подготовка:

1. Половина од снегулките заедно со корнфлексот ги блендираме, но не многу ситно. Ги ставаме во еден сад. Ги додавме останатите овесни снегулки.
2. Малините и капините ги блендираме, јагодите ги сечеме на парчиња и ги додаваме кон снегулките и корнфлексот. Мешаме се заедно и смесата ја ставаме во фрижидер.
3. После 1 час кон смесата ги додававаме оревите (половина мелени, половина сечени), медот и се заедно мешаме.
4. Смесата ја ставаме на хартија за печење и правиме колач 20 на 30 сантиметри. Колачот го печеме на 180 степени, 25 минути.
5. Откако ќе се олади го сечеме на коцки.
6. Чоколадата со путерот и млекото ја топиме на пареа и ставаме врз секоја коцка. Украсуваме со јагоди.
Сварете си кафе и сладете се ова слатко задоволство.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови