Овој појадок во посна варијанта, кој секако може да биде и со обично млеко, предлагам да се проба бидејќи навистина е вкусен и хранлив, посебно поради чиа семето и свежото овошје.

Растителното млеко се раствора убаво во водата, се додава чиа семето и се остава во фрижидер неколку часа, најдобро е да се остави навечер.
Утрината имате спремен пудинг на кој му се додаваат јагодите и црешите, се блендира сето неколку секунди и толку!
Јас немав потреба да додавам засладувачи (мед или др.), а овошјето може да биде и друго по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани